Денеска во Чаршиjа го имавме заменик директорот на Комуналната хигиена г. Вулнет Села, со кого разговаравме за чистотата во Старата скопска чаршија, каде што за многу еснафи и дуканчии претставува сериозен проблем бидејќи нередот во чаршијата создава мрачна слика за туристите и посетителите.
Од заменик директорот добивме поддршка дека комуналната хигиена повеќе ќе се ангажираа во чистењето на чаршијата, бидејќи Старата чаршија несомнено е заедничка вредност и таа мора да се одржува и од комуналната хигиена и од граѓаните.