Еснафот денеска го пречека генералниот директор на Меѓународното училиште „Маариф“, г. Мехмет Баран заедно со секретарот г. Нуман Идриз.
На средбата ја претставивме програмата, мисијата и визијата на нашето здружение.
Генералниот директор истакна дека вратите за соработка се веќе отворени, исто така директорот многу позитивнo го ценеше старата чаршија.
Би сакале да изразиме благодарност за нивната драгоцена посета, исто такa им благодариме и за подарокот со што ја покажаа својата почит и благодарност кон Еснафот.