Еснафот на старата чаршија денеска одржа средба со Делегацијата на Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО), предводена од претседавачот Ајдован Адемоски, со цел да ги предаде средствата собрани од Еснафот на старата чаршија за регионот погоден од земјотресот на 6 февруари 2023 година во Турција.
Поради катастрофалниот земјотрес што ја погоди Република Турција, каде имаше големи загуби во луѓе, повредени граѓани, како и голема материјална штета, еснафот на старата чаршија започна со акција за собирање финансиски средства за регионот погоден од земјотресот, но потоа откако разбравме дека Стопанската комора на Турција и Македонија (МАТТО) ќе изгради ново училиште на местото на руинираното училиште во регионот Малатија, Република Турција, Еснафот одлучи сите собрани средства да бидат предаденина МАТТО.
Вкупниот износ на собрани средства од Еснафот изнесува 35700 евра.