Денеска Еснафот ги посети кафулињата на улицата „Салих Асим“. Посетата започна од „виновникот“ -локалот Мон Фрере, бидејќи токму ова кафуле беше првото што поттикна оживување на оваа улица. Потоа ги посетивме кафето Џунда и кафето Куба. Исто така на оваа улица во подготовка се уште неколку локали кои се очекува наскоро да бидат отворени. Привилегија е да имаме вакви кафулиња во нашата чаршија и мора да направиме се што можеме да ги поддржиме, почнувајќи од осветлувањето на улицата, кое наскоро ќе го реализираме.
Category: АКТИВНОСТИ
Shpërndaje këtë postim