Денеска Еснафот имавме чест да го причекаме Вицепремиерот за економски прашања, г. Фатмир Битиќи со кого разговаравме за важни теми кои ја засегаат нашата чаршија и потребата од државна помош за реализација на следните планови како што се:
1. Отворањето на скалите во Сули Хан на ул. Београдска
2. Финансирање на проектот за портата на Бит Пазар
3. Чаршијата со закон да се определи како туристичка зона
Исто така, изразувајќи ги нашите планови за професионална подготовка на продавачите, вицепремиерот ни понуди можност да едуцираме 20 професионални продавачи и ни вети многу искрена соработка нудејќи ни го својот кадар на располагање да ни помогне во професионалната реализација на проектите.