Средба со градоначалникот на општина Центар, г. Горан Герасимовски, со кој разговаравме за улиците на Чаршијата кои се во надлежност на оваа општина.
Двете страни заклучија дека соработката е повеќе потребна и градоначалникот ни вети дека ќе го реализира осветлувањето на улиците и клупи за седење заедно со корпи за отпадоци.
Исто така, Општинскиот инспекторат ќе започне со отстранување на терасите од јавните површини. Вреди да се напомене дека градоначалникот одби да не посети во Чаршија без да ги исполни дадените ветувања.