Црквата “Св. Спас” – Изградена во 17 век, до половина вкопана во земја, врз темелите на уште постара христијанска црква. Однадвор со скромен изглед, таа плени со својата внатрешност и со својот фас-цинантен дрвен иконостас. Во нејзиниот двор се погребани и останките на македонскиот револуционер Гоце Делчев.