ДАУТ ПАШИН АМАМ

Даут Пашин Амам – Исламска профана архитектонска целина изградена од голе-миот везир Даут Паша во 15 век. На почетокот користена како харем на пашата, подоцна ја менува намената и станува јавно купатило. Де-неска, овој турски амам е претворен во Национална галерија на уметноста и се наоѓа на самиот јужен влез на чаршијата.

ЦРКВАТА СВ. СПАС

Црквата “Св. Спас” – Изградена во 17 век, до половина вкопана во земја, врз темелите на уште постара христијанска црква. Однадвор со скромен изглед, таа плени со својата внатрешност и со својот фас-цинантен дрвен иконостас. Во нејзиниот двор се погребани и останките на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

СУЛ АН

Сул Ан – Оваа импресивна архитектонска целина потекнува од 15 век. Се наоѓа во централниот дел на ССЧ а денеска се користи како средиште на Академијата за ликовни уметности.

МУСТАФА-ПАШИНА ЏАМИЈА

Мустафа-пашина џамија – Изградена од Мустафа паша во 16 век, која привлекувама со својата убавина и голе-мина, со убавината на мина-рето, но и со турбето во состав на џамијата кое е погребан Мустафа паша. Неодамна реновирана, таа и денеска ја има својата верска функција, но привлекува и голем број на туристи во Скопската чаршија.